Кој работи тој и греши, иако, дали е баш така? Лапсузите се нешто што на сите ни се случуваат, но дали и на јавните личности им е допуштено така да испаднат смешни? Некои случајно, а некои едноставно не се доволно образовани.
Тешко е да се направи вистински избор во морето на лапсузи на познатите, но ова секако заслужува внимание. Прочуената кралица на лапсузот Тања Савиќ во секој свој разговор со новинарите ќе изненади со своето познавање на терминологијата – „Имав мал инцест што се однесува на шишките“, изјави Тања неодамна.
Пејачката Тања Савиќ во јавноста е позната по своите лапсузи. А сега тоа уште повеќе го потврди.
На прашањето што користи за опуштање пред настап Тања даде шокантен одговор:
– Лепеза да ме олади, изјави Тања низ смеа, а кога го сфати прашањето одговори:
-Не конзумирам алкохол додека настапувам.
Исто така Тања ја прашаа каде е нејзинот сопруг, дали се во ред или можеби се дестанцирани, а потенцираше дека само си ја работи својата работа и нема потреба да ја прашуваат за сопругот.