Убавата актерка Озге Гурел која ја гледаме како Ојку во серијата „Сезона на црешите“ како во серијата, така и во приватноста има ненаметлив и скромен изглед.
Озге Гурел, турската актерка попозната како Ојку од серијата „Сезона на црешите“, присуствуваше на едно модно случување во Истанбул каде даде интервју за тамошните новинари на кои им откри интересни детали од приватноста. Актерката е во неколкугодишна врска со актерот и модел Серкан Чајоглу кој сега го гледаме во улогата на Ајас.
-Бидејќи сме повеќе години заедно, не е проблем да одлучиме да ја официјализираме врската. Подготвени сме за такво нешто, но церемонијата за венчавка одзема доста време. Моментално нема да се замараме околу тоа. Се сакаме, среќни сме, веќе подолго време сакаме да се венчаме, само тој потпис остана, изјави убавата Озге.
Од неа дури и на филм нема да видите разголени и секси сцени, па дури и со својот сакан, сексапилниот Серкан Чајоглу кој го игра ликот на Ајаз.
На интернет може да се сретнат многу малку разголени фотографии, а еве дел од нив:
Извор: Вистина