3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Херојот Марко: На 12 годишна возраст денеска го преплива Охридското Езероо преплива Охридското Езеро

Голем подвиг направи 12-годишниот Марко Пејчиновски кој денеска за помалку од девет часа го преплива Охридското Езеро.

Малиот Марко претпладне околу 9:30 часот го почна херојскиот потфат од Свети Наум за по 18 часот да стигне на пристаништето во Охрид. Подвигот на Пејчиновски уште повеќе добива на тежина, ако се знае дека момчето има доживеано инфаркт на долните екстремитети.

Пејчиновски кој пристигна на целта и покрај лошите временски услови во почетните километри, на крајот доби овации од голем број сограѓани.

Патеката од Свети Наум до пристаништето во Охрид долга 30-ина километри во минатото често пати била несовладлива за многу поискусни маратонци.

Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското езеро. Тој утрово во 9 часот и 30 минути тргна од Св. Наум, а на градско пристаниште пристигна околу 18 часот и 15 минути.

-Не очекував дека ќе биде олку лесно. Сега, откако пристигнав на целта чуствувам замор, а во водата на Охридското Езеро ми беше супер, беа првите зборови на Марко после пристигнувањето на градското пристаниште, објави порталот Охрид Њуз.

поврзани објави

Последни објави