0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Колев: Иако не сме дел од владејачката коалиција ја поддржуваме информативна кампања за придобивките од ЕУ и НАТО

Почитувани,
Денеска со мојот колега Димо Петкоски во Клубот на пратеници присуствувавме на средбата на партиите кои ја поддржуваат кампањата за референдумот „Излези за европска Македонија“.
ГДУ не е дел од владејачката коалиција, но даваме поддршка за информативна кампања со цел граѓаните да се запознаат што подобро со придобивките кои земјата би ги имала како дел од ЕУ и НАТО. Граѓаните мора да имаат целосна слика пред реферндумот.

ГДУ како конзервативна опозициска партија делува самостојно, надвор од двата табори и нашиот став во однос на референдумот е јасен, дека тоа е најдемократски начин за третирање на проблемите и интересите на граѓаните.

Република Македонија заслужува подобра иднина. Граѓаните очекуваат реални промени и вистински реформи во општеството. Ние како партија се залагаме за напредна безбедна и европска Македонија.

Уште еднаш ја испраќаме и нашата порака до граѓаните дека референдумот и визијата за иднината на земјата не треба да се врзува со поддршка за една или за другата партија. Неизјаснувањето на референдум е легитимно и демократско право, исто како и директното изјаснување, со гласање „за“ и „против“. Ова е можност за надпартиска одлука.

Македонија заслужува да биде 30-та членка на Алијансата и да и биде дел од семејството на обединета Европа“- објави на својата официјална facebook страна претседателот на Граѓанско демократска унија (ГДУ), Петар Колев.

 

Почитувани, Денеска со мојот колега Димо Петкоски во Клубот на пратеници присуствувавме на средбата на партиите кои ја…

Posted by Petar Kolev on Thursday, August 30, 2018

поврзани објави

Последни објави