Судечкиот совет во Апелацискиот суд не го прифати барањето на одбраната за одложување на седницата за разгледување на жалбата на Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“. Според Советот, барањето на адвокатите не претставува основ за одлагање на седницата.
Претходно од Судечкиот совет беше побарано одложување на расправата бидејќи адвокатите на Груевски требало да присуствуваат и на рочишта во Кривичниот суд во кои Груевски се товари за други кривични дела.
По одбивањето на барањето за одложување, адвокатите на Груевски побараа изземање на Судечкиот совет. Следуваше пауза од половина час, за да може претседателката на Советот да го разгледа барањето.
ИЗВОР: Алсат