Голем кикс на влалдиниот протокол се случи утринава кога во Скопје пристигна Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц каде пред Владата беше пречекан од премиерот Зоран Заев. Наместо знамето на Австрија беше поставено она на Летонија.
Дека е згрешено знамето, забележаа австриските новинари. Знамето кое пред македонската Влада се вееше во чест на високиот гостин не беше според пропорциите на австриското државно знаме. Имено австриското знаме има три еднакви ленти, додека закаченото на јарболите пред Владата беше со потесна бела лента на црвена површина.
ИЗВОР + ФОТО: Република (ОВДЕ)