-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Владата му се извини на Курц за киксот: Пропуст направивме поради сличноста на знамињата на Австрија и Латвија

Владата на Република Македонија упатува извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија, соопшти Владата.

– Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија, стои во соопштението.

поврзани објави

Последни објави