Заменик генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Петар Богојески во 24 анализа на ТВ 24 во дуел со генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски зборуваше за актуелните теми, вклучително и за договорот за името, како и референдумот кој ни претстои со прашање: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот за името.
„Господине Кирацовски вие ми наликувате на човек од „Бојкотирам.“ Кога ќе разговараш со некој од “Бојкотирам“ ќе те обвини дека си предавник на прва. Кога ќе зборуваш со Кирацовски ќе се обиде да те прикаже дека си против ЕУ и НАТО, само ако имаш различно мислење од него. Вие се обидувате да учите од Груевизмот и го продолжувате, за жал! Да престанеме со тоа. Ме навредивте преку 30 пати само затоа што ви прочитав факти од договорот“, вели Богојески.
Што па толку ве боли стаовот на ВМРО-ДПМНЕ? – го праша Богојески по Кирацовски. Не напаѓате Вие што сте ЗА, не напаѓаат тие што се ПРОТИВ, не напаѓаат тие што се од Бојкотирам, само затоа што ВМРО-ДПМНЕ не кажал официјален став, додаде тој.
Тој му порача на Кирацовски или да се научат да бидат демократи, или да не се прават сосила европејци, притоа нагласувајќи дека тие се само декларативно за Европа, а ништо немаат од Европа.