6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Анастасија Ражнатовиќ: Сакам да сум пејачка, а не само “Ќерка и на Цеца” (ВИДЕО)

По неколкумесечниот одмор по Европа и медиумска пауза откако ја издаде својата прва песна “Совршен пар” Анастасија Ражнатовиќ, се врати во Србија.

Анастасија во утринската програма на ТВ Прва откри дека не и пречи фактот дека медиумите сега се повеќе ја следат, откако влезе во музиката.

– Бидејќи јас сум од мала под будното око на јавноста, ништо не е ново за мене. Ништо не се сменило во однос на медиумите, се е исто. Мило ми е што сега имам некоја професија, не сум повеќе само ќерката на Цеца, во смисла дека сега сум пејачка.

Па сега имам причина да се појавувам во медиумите – изјави пејачката која во рекордно време ги освои срцата на публиката и додаде дека таа повеќе не се вознемирува од негативните коментари.

– Се случува нешто да ме погоди и да ме вознемири, особено кога станува збор за брат ми и мајка ми. За мене, така-така. Но, во последните неколку години, се навикнав на сè што е напишано, има и добри и лоши страни на оваа популарност, па затоа повеќе не ги гледам овие коментари – изјави Анастасија.

поврзани објави

Последни објави