Од МВР информираат дека по насока на Јавно обвинителство Битола, градоначалник на општина Демир Хисар, М. С. (49), бил повикан на информативен разговор во ПС Демир Хисар поради објавена снимка во медиумите во текот на денешниот ден.
Стојаноски во станицата кажал дека снимката која се појавила на интернет е од протест во ОУ„Гоце Делчев“ во Демир Хисар кој се случил во средината на јануари годинава. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта.
„По насока на обвинителство М. С. е пуштен во 20.30 часот, а во врска со овој случај ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување“, велат од МВР.
Стојановски беше приведен поради видеото што се појави на интернет, на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори и одење по куќи и сето тоа пред очите на децата.
„Значи заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ги слушам сите телефонски јавувања, одење од куќи и така натаму“, им се заканувал Стојановски на вработените.