-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

ФОТО: Кој ќе седи на местото на Лукас – ова е новиот член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Наскоро започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а српските медиуми пренесуваат дека Аца Лукас нема повеќе да биде дел од жирито.

„Не е чудно што „Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпопуларните музички шоу во регионот, а Саша Поповиќ и неговиот тим секогаш имаат новитети. Откако Аца Лукас си замина од жирито, Поповиќ имаше тешка задача и да му најде достојна замена, а сега верува дека успеа во тоа. Исто така, кога наместо Зорица Брунцлиќ ја ангажираше Јелена Карлеуша, изјави близок пријател на Поповиќ.

Саша Поповиќ на овој потег се одлучи воден од еден мотив – на гледачите да им пружи нешто досега невидено во „Ѕвездите на Гранд“.

На местото на фолк-пејачот Аца Лукас доаѓа рокенрол пејачот Ѓорѓе Николиќ, познат по уметничкото име Џорџе Давид.

Рокерот ќе го замени Аца Лука, па заедно со Ана Бекута, Јелена Карлеуша, Марија Шерифовиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ ќе ги оценува кандидатите.

Како што пренесува Курир, Саша Поповиќ на овој потег се одлучи затоа што сака на гледачите да им подготви нешто невидено во „Ѕвездите на Гранд“:

-Добар фраер, екстремен, интелигентен, талентиран, остар на јазик. Всушност, ќе видите, многу брзо стартуваме – рекла Јелена Карлеуша.

поврзани објави

Последни објави