0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Митко Јанчев: Не одлучив јас да пее Цеца на Тиквешки гроздобер

Веќе две децении наназад, српската фолк звезда Светлана Цеца Ражнатовиќ е топ гостин од музичкито свет на секоја поголема манифистација која се случува на Балканскиот полуостров. Настрана се нејзините самостојни концерти, кои се организираат исто така на овие простори.

Огромно внимание предизвикуваат и нејзините хонорари, а долго после нејзините настапи се дебатира и околу тоа, дали на нејзино место. можеби требало да настапи некоја наша музичка ѕвезда.

Одговорот од организаторите на новогодишните прослави, пиво фестовите, како и на годинешниот Тиквешки гроздобер во Кавадарци, е дека народот ја посакувал токму Цеца да го забавува. Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, по овој повод за Фокус изјави:

-Околу тоа дали пеела Цеца или некоја друга музичка ѕвезда, лично мене ми е најважно кого народот сака да го слуша.

Јас приватно можеби ја слушам ,,Металика” или било која друга група или пејач, но овде во прв план се ставаат желбите на народот, и токму според анкетите, предлозите, расположливите средства и слободни термини на музичарите, одлуката падна на Ражнатовиќ – вели Јанчев.

Тој исто така, проговори и за висината на хонорарот на популарната пејачка, како и за тоа кој ги покрил трошоците:

-Цеца дојде со автобус, со екипа од околу 40 луѓе. Тие самите си организираа се што им беше потребно, сумата од 39 илјади евра не е само за неа, туку за целиот нејзин тим – изјави градоначалникот.

Целиот текст прочитајте го на Фокус.мк

поврзани објави

Последни објави