3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Лепа Брена откри кој е “Де факто” газда на Гранд

Лепа Брена открила како дошло до основање на „Гранд продукцијата“ во 1998 година и признала дека нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ им бил главен финансиер на неа и на Саша Поповиќ.

-Јас и Саша се дружевме со години и работевме заедно, а еден ден тој дојде и ми предложи да започнеме заеднички приватен бизнис и од тоа да живееме наместо да работиме за други.

На мене ми се допадна таа идеја, но поради тоа што немавме средства, излеговме пред Боба со нашиот план. Кога Саша и јас му го соопштивме износот, кој не беше мал, Боба кажа дека ќе ни помогне.

Тој ги вложи неговите средства така што може да се каже дека тој е нашиот финансиер и дека без него ние немаше да бидеме тоа што сме“, открила Брена.

поврзани објави

Последни објави