Топењето на асфалтот во Квинсленд , Австралија предизвика големи проблеми за десетици возачи кои мораа да ги напуштат камионите и автомобилите , откако гумите им се облепија со асфалт.
,, Се чуствував како да сум инсект што пропаднал во пајакова мрежа .”вели еден од возачите.
Градоначалникот на местото Маланда , низ кое минува патот , Џо Паронелa , смета дека најверојатна причина е оштетувањето на патот и промената на времето.
,,Никогаш не сум видел нешто слично. Кога вчера почнаа да стигаат извештаи и фотографии , не можев да поверувам , беше неверојатно .” вели градоначалникот.