Еден чуден детаљ кој се случил во авионот е или чиста случајност или некој судбински знак. Имено, трите пријателки кои патувале заедно, се изненадиле од она што им се случило. Шерон Хак и нејзините две пријателки сакаат да патуваат и да прават селфиња за спомен од своите патувања.
На првиот лет кога правеле селфи, во кадарот забележале едно момче кое им се видело симпатично и ништо повеќе од тоа.
Мажот од фотографијата се насмеал, но веќе на следниот лет, тие повторно одлучиле да направат селфи.
Погодете кој повторно се нашол во кадарот? Истиот маж кој летал заедно со нив на претходното патување од пред неколку седмици. Шерон и нејзините пријателки биле силно изненадени, но и момчето кога ги препознал трите пријателки.
Не им бил ни пријател, ниту нешто во крвно сродство, ова била чиста случајност, а кој знае? Можеби и некој знак, што мислите вие?