7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мицкоски до Заев: Ајде, пред референдумот, на ТВ дуел за името, но и за сите скандали поврзани со вашата влада!

Мицкоски го повика Заев на ТВ Дуел за името, за скандалите поврзани со Владата: Ајде пред граѓаните да зборуваме отворено!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва го соопшти ставот на партијата за престојтниот референдум и го повика секој граѓанин да постапи по свое лично убедување, притоа ставајќи акцент да водат сметка за своето семејство и татковината Република Македонија.

Воедно, Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел за како што рече, да разговараат за името, за кампањите и манипулациите кои се водат од страна на владата и одредени медиуми, како и за скандалозните тендери поврзани со луѓе функционери на владата и нивни блиски луѓе.

поврзани објави

Последни објави