Поранешната пратеничка од СДСМ, Софија Куновска, на нејзиниот Фејсбук, му се обрати на премиерот Зоран Заев, обвинувајќи го дека пуши во работни простории и шири демагогии.
-Дечко, ај не шири демагогии туку прво престани да пушиш во работни простории. Еден закон за пушење непочитувате, камо ли друго. По тебе и сите останати. Се крстат европјаните кога ве гледаат.
Тоа ли се европски вредности и европски навики? Ти не можеш себе во Европа да се однесеш, а не па нас, напиша Куновска.