2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јанчев: Нема разлика меѓу мојот и ставот на Мицковски!

Еден од потпретседателите на ВМРО ДПМНЕ и член на Извршниот комитет, Митко Јанчев вечерва гостуваше на „Топ Тема на ваша страна“ на Телма телевизија.

Јанчев се спротистави на одлуката на неговата партија, да се остават членовите и симпатизерите сами да одлучат дали ќе излезат на 30ти септември на референдум, алудирајќи на фактот дека партијата мора да има прецизен став околу ова прашање.

„Јас лично имав став да се повика членството да гласа против договорот за името, но не и против членството во ЕУ и НАТО“, изјави Јанчев.

Како што тој вели нема разлика меѓу неговиот став и одлуката на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

„15 години наназад, ВМРО ДПМНЕ се залагаше за референдум. Референдумот не се бојкотира, ниту тивко, ниту реално“. Членството на ВМРО ДПМНЕ не може да биде за овој договор, тој е работа на Заев, ние треба да сме против договорот, но што се однесува до ЕУ и НАТО, ние сме проевропски ориентирана пратија“, смета Јанчев.

поврзани објави

Последни објави