2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Црвенковски: Знам дека граѓаните имаат многу причини за незадоволство од функционирањето на владата на Заев!

Поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски денеска конечно излезе со став за претстојниот референдум за промена на името на државата, со цел влез во европското семејство и НАТО.

Знам дека имате многу причини за незадоволство од функционирањето на актуелната власт. Знам дека имате уште повеќе причини за незадоволство од функционирањето на сите досегашни власти, вели поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.

„Ќе гласам ЗА, не затоа што мислам дека неговото спроведување нема да предизвика негативни последици, туку затоа што негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразмерно поголеми.

На 30-ти септември ќе излезам на референдумското изјаснување и ќе гласам ЗА! Ќе гласам ЗА, не затоа што мислам дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што сметам дека е нужност од која во даденава ситуација нема бегање.

Ќе гласам ЗА, не затоа што мислам дека неговото спроведување нема да предизвика негативни последици, туку затоа што негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразмерно поголеми.“

поврзани објави

Последни објави