За разлика од 2017 година кога познатиот тв водител и шоумен Миленко Неделковски излезе со статус на социјалните мрежи во кој го поддржува кавадаречкиот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, денеска тој го промени својот став и излезе со остра критика до потпретседателот на партијата, нарекувајќи го олигарх на кому не му е гајле за Македонија
ЕВЕ ШТО НАПИША НЕДЕЛКОВСКИ ДЕНЕС:
Блискиот пријател и бизнис партнер на Вице Заев, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, нецели 10 часа по синоќешната прес конференција на партијата каде што е потпредседател, излезе со изјава: „Не се согласувам со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ, гласав за излегување на референдумот”.
Тоа покажува две работи:
Едната од поодамна јасна дека Митко, заедно со Вице, Анѓушев и Гече се олигарси кои во Кавадарци ќе градат високозагадувачка индустрија, а за Македонија ич не им е гајле.
Втората работа, МНОГУ ПОВАЖНА, неговата изјава “гласав за излегување на референдумот” ги фрла во вода сите сомневања на дежурни кукумјавки дека ВМРО ДПМНЕ, односно Мицкоски, не бил за бојкотирање на референдумот. Односно решението за тоа да се излага или не на 30-ти септрмври, синојка во ВМРО ДПМНЕ било кристално јасно – НЕМА ИЗЛЕГУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНДУМ.
Митко Јачев, на овој начин, пред конечно напуштање на раководните позиции на партијата, и направи голема услуга на својата партија соопштувајки го решението на органите на партијата.
Митко фала ти и збогум.
За разлика од овој негов денешен статус, Неделковски во 2017 година има статус во кој јавно упатува почит кон Јанчев, притоа велејќи дека ВМРО го добил својот нов лидер.