Денеска во Велгошти, Охрид, во организација на охридскиот огранок на Граѓанско демократска унија-ГДУ се одржа одбележување по повод 105 години од Охридско- дебарското востание. Пригоден говор во однос на востанието одржа членот на Управувачкиот комитет на ГДУ, Крсте Ристески.
Гости на настанот беа претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев, претставници од ВМРО-НП, претседателот на Обединети за Македонија, Владимир Каневчев и Патриотскиот институтот на ВМРО-ДПМНЕ.
Охридско-дебарско востание избувнало во септември 1913 година, по завршувањето на Втората балканска војна, во Дебарско, Кичевско, Струшко и Охридско. Било организирано од структурите на ВМРО на Тодор Александров и од локалните албански востаници, а било раководено од Петар Чаулев, Милан Матов, Павел Христов и Антон Шибаков. По десетдневни борби со редовната српска војска востанието било задушено.