Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дала интервју за австрискиот весник „Клајне цајтунг“ (Kleine Zeitung) и откако разговорот го пренесоа хрватските медиуми, социјалните мрежи беа преплавени со коментари во кои корисниците ги демантираат или пак ги исмеваат нејзините изјави.
Меѓу корисниците на фејсбук и на Твитер најсилно оддекна изјавата на Колинда за нејзиното детство во времето на комунизмот кога сакала да има можност во продавница да избира помеѓу повеќе видови јогурт и да не мора на власта да и објаснува колку леб ќе и бил потребен идната недела.