Фолк дивата Лепа Брена досега немаше храброст да прозбори за стресот кој го преживеа пред неколку години кога и било кажано дека може да се разболи од канцер.
Пејачката првпат прозборе колку и бил стресен тој период и како го преживеала тоа.
-За ова првпат зборувам. Во 2010 година имав операција на јајниците. Мојот доктор Саша Љубиќ ми кажа да го направам тој злогласен БРЦА тест, на кој се покажа дека имам мутиран ген и големи шанси да добијам рак на дојка. Тумор маркерот тогаш беше многу зголемен и итно отидов на операција на циста на јајници. Секако, молчев за тоа досега, но тоа беше голем стрес за мене – изјави Брена.
Иако веднаш започнала да живее по новите правила, стресот бил голем, па досега пејачката немаше храброст да зборува.
Една оа најголемите екс –Ју ѕвезди порачува дека нема да биде баба на синот кој ќе го добијат Александра и Филип Живојиновиќ. Пејачката објасни дека така се нарекуваат жените кои се стари, а дека таа и нејзиниот сопруг Боба не се тоа.
Сопственичката на „Гранд“ истакнува дека сите во семејството се радуваат на приновата и нагласува дека на младата двојка ќе им омага да го одгледаат детето.
-Среќна сум што јас и Боба ќе го добиеме првото внуче. Тоа ќе биде голема радост во семејството зошто сакаме деца, а посебно мали бебиња. Ние нема да бидеме баба и дедо, јас не го сакам тој пожртвуван однос кон жените. Постојат жени кои се баби бидејќи така изгледаат. Секогаш ќе помагам на нашите деца за се што треба.
Во неколку наврати се пишуваше дека Брена не е во добри односи со Александра, на што таа вели:
-Таа како девојче учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“. Во нашата куќа доаѓаше многу пред да почне да се забавува со Филип. Дури ја носев со мене на настапи, имавме неверојатно добар однос.
Подоцна подобро се запознавме и многу сме приврзани. Посебно ми е драга, бидејќи имам разбирање за некој што има 22 години. Секогаш ќе има голема поддршка од мене, професионално и приватно, истакнува Лепа Брена.
-Сите ние генерациски носиме ген на страв. Мене најдобро ме опишува изреката „Она што не те убива те прави посилен“. Победив многу стравови, но човекот сепак не е компјутер да се исклучи кога треба. Тоа остава страшни последици врз здравјето, но се обидувам од се лошо да извлечам некоја поука.
Остварив голем број од моите сништа оставив голема трага на што сум горда. Во душата сум многу спокојна, мирна и задоволна. Се оди по својот тек, здравјето е најважно, а среќа е што јас и Бобан сме исполнети на своите полиња, зато што да не бевме тешко би можеле да функционираме, вели Брена во интервју за српскиот магазин Story.