14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Грција со претензии кон Албанија – на повидок голема Балканска игранка?

Освен заканата за промената на границите што му се заканува на Косово, идентични претензии има и Грција кон Албанија, јавуваат албанските медиуми.

Таа констатација ја пренесува порталот ,,Албеу’’ наведувајќи дека изјава ,,бомба’’ за промена на границите на Албанија во Норвешка дал шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

-Да. Разговараме со Албанија и за промена на границите, изјавил Коѕијас.  За разлика од Коѕијас, од албанска страна до неодамна се тврдеше дека се разговара за одржување на граничните камења, а не за менување на гранци.

-Иако Грција се чини започна нови претензии кон албанска територија, албанската влада е многу смирена и ни малку вознемирена, наведува порталот во написот под наслов ,,Коѕијас го разоткри тајниот план со Рама: Промена на границите со Грција’’.

Ова е втор удар, како што го нарекува порталот, врз владата на Еди Рама по изјавата на премиерот Алексис Ципрас дека не постои прашање за Чамите ( протерани Албанци од грчката област Чамарија).

Извор: Букефал

поврзани објави

Последни објави