Најпрвин го гледавме во турската серија „Љубовта на мојот живот“ како Демир, а пак сега ја има улогата на архитектот Ајаз во „Сезона на црешите“ каде игра заедно со својата сакана Озге Гурел која ја има улогата на Ојку.
Она што е познато за убавиот Серкан Чајоглу е дека е роден во Германија, но завршува студии по економија во Турција каде живее и ден денес.
По снимањето на серијата „Сезона на црешите“ во 2014 година, неговата популарност дополнително расте, а добива и се поголем број на ангажмани како модел, па неговото лице редовно осамнува на насловните страници на модните магазини и едиторијали.
Иако долго време е во врска со Озге, тие се уште не ја официјализирале врската иако неодамна изјавија дека тоа ќе се случи наскоро.
Инаку, Серкан има брат близнак, веројатно двојајчен со кого не се идентични, а во своите објави на социјалните мрежи редовно го покажува и своето смеејство.
Еве како изгледаат:
https://www.instagram.com/p/BjpwUFmFwvc/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bnl8J_aHur8/?taken-by=joanne_ozser
Извор: Вистина