Најдобриот ракометар од Делчево, Гоце Ѓоргиевски од следната сезона ќе биде дел од тимот на Весна Акумулатори. Веќе поранешниот член на Рк Делчево потпиша едногодишен договор со тимот од Пробиштип. Ѓоргиевски беше најдобар стрелец во младинска конкуренција со постигнати 139 голови на 13 натпревари, а минатата сезона во Првата лига постигна 150 голови со што беше втор најдобар стрелец во лигата. Ѓоргиевски имаше неколку понуди од суперлигашки екипи, но сепак се реши да потпише со Весна Акумулатори од Пробиштип, клуб кој следната сезона ќе се обиде да се врати во Суперлигата.