6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски: Политичарите од транзицијата кои ја уништија Македонија, сега повторно се обидуваат да ги заведат Македонците

Имате едно купче на луѓе од транзицијата каде што претпоставувам поради нивните погрешни политики, човечки животи и судбини биле во прашање, луѓето не ги реализирале сопствени амбиции и сега една група на луѓе  Црвенковски, Заев, Шекеринска, една плејада на политичари од транзицијата ви вели:

-Не успејавме да ви ги решиме проблемите, не не биваше, е затоа сега мора и да се обезличите прифаќајќи го овој договор и од овој момент ќе ви тргне, а знаете дека претходно секој од овие поединечно барем 100 пати ве излажал.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Телевизија 24.

-И сега секој човек ќе си го постави прашањето- имаме на купче луѓе кои до сега илјадници пати не излажаа и ни викаат дека ова чини, имаме од другава страна ново раководство, луѓе кои промовираат нов принцип на политика и ни велат дека ова не чини поради тоа и тоа.

Фактографски и аргументирано разговараат, се обидуваат да не брзаат со одлуки и со изјави, бидејќи тоа што ќе го кажат мора да го испочитуваат, тоа е ветување пред граѓаните и тоа ветување треба да се испочитува, и вие самите ќе дојдете до заклучок како луѓето ќе постапат, додаде Мицкоски.

Извор: Курир

поврзани објави

Последни објави