4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Руски агенти шпионирале во корист на САД

Скандал со шпионирање е откриен во руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), поради што четворица лица биле приведени, од кои двајца високо рангирани разузнавачи.

Се сомничи дека лицата издавале тајни информации на американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА. Станува збор за Сергеј Михалков и неговиот заменик Димитриј Докучајев, кои биле уапсени кон крајот на јануари.

Не е познато на кој начин тие комуницирале со ЦИА, дали директно или пак преку трето лице, а за овој настан не можат да се најдат и многу информации во медиумите во Русија, кои го чекаат целокупниот развој на ситуацијата.

поврзани објави

Последни објави