На својот Фејсбук таа потврди дека се разведува од сопругот поради семејно наслиство, а до пред разводот тврдеше дека тој и е најголемата поддршка и дека ја разбира нејзинита професија, како и нејзините провокативни фотосесии.
Од друга страна пак, нејзинот сопруг изјави дека немало семејно насилство.
Како и да е, една е вистината – Велевска се разведува, а таа стави крај на зборувањата за својот приватен живот.
Меѓутоа, како и досега Велевска продолжува со активностите на музички план и провокативните фотосесии.
Така, по веста за разводот таа со своите дечиња замина на одмор да се релаксира и ослободи од негатвината енергија.
Од друга страна, фолкерката вложуваше во својот изглед, па направи промена на бојата на косата. Прво, фолкерката ја промени бојата на коса во црвена.
Но, ова боја не и стоеше долго време, па од црвена ја промени во темно кафеава.
Велат дека кога жените ја менуваат фризурата, тогаш им се случува нешто во животот, а во овој случај оваа теза се покажа како вистинита.
Веднаш по таа следеше објава на која пејачката е во бикини во кое го покажа згодното тело.
Се надеваме дека пејачката успеала да го надимине лошиот период, да ги наполни батериите за новите музички предизвици, а и како велат „секое лошо, за добро е“.
Извор: Вистина