Актерот и член на триото К15, Бубо Каров се вклучи во кампањата за референдумот за промена на името. Цацко е во еден од спотовите кои Собранието ги емитува во медиумите платени со пари на граѓаните.
Бубо Каров и целиот проект К-15 во време на минатата власт, беше под еден вид тивко ембарго, а членовите на популарното трио се сомневаа дека медиумите ги игнорираат токму поради нивниот тогашен поглед на политичките случувања, кој се разликуваше од оној на актуелната власт.