Светлана Цеца Ражнатовиќ од почетокот на кариерата до денес многу го менуваше својот изглед.
Имено, на естрадата веќе 28 години изгледа се поубаво и поубаво.
Очигледно нејзе годините не и можат ништо, изгледа се подобро и подобро.
Цеца Ражнатовиќ имала неколку важни години во својот живот кои се поврзуваат со успешната кариера.
Еден од нив е 1987-ма година, кога имала само 14 години.
Тогаш сосема случајно на одмор во Црна Гора ја забележан композиторот и аранжер Мирко Кодиќ, кој е заслужен за стартот на нејзината кариера“.
„Цеца летуваше со родителите во Улцињ, а убавото девојче го забележав во ресторан. Секако таму не настапуваше за пари, туку отпеа неколку песни по нејзина желба. Добро пееше, имаше секси рапав вокал, со многу јужначки ритам. Во неа имаше нешто што знаев дека ќе ја направи ѕвезда. Разговарав со родителите и ја повикав во Белград.
Се друго е историја“, вели Кодиќ.
Дека Цеца и композиторот останале добри пријатели потврдува и снимката од нејзината свадба на која присуствувал и тој.