3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети конечно прозборе на македонски ВИДЕО

Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, одржа говор на македонски јазик пред жителите на Пласница.

„На 30 септември да излеземе и да гласаме ако сакаме подобра иднина. И не само ние што сме овде, туку од врата на врата, пошто се гласа за нашата иднина, на изборите, за овој историски момент.“, вели Али Ахмети, претседател на ДУИ.

За безбедност на Македонија, за подобра иднина и подобар меѓуетнички однос со соседите, треба да излеземе сите и да гласаме „За“ на референдумот, порача Ахмети од Пласница.

Од неговиот настап во Пласница може да се забележи дека Ахмети многу добро го владее македонскиот јазик.

Ова е прв јавен настап на Ахмети на првиот службен јазик во Македонија. Иако е присутен на политичката сцена подолго од една и пол деценија, Ахмети во своите настапи секогаш говореше на албански јазик, при што некои од неговите соработници го преведуваа на македонски.

 

Pas problemeve me përkthyesit, Ali Ahmeti “detyrohet” të drejtohet në gjuhën maqedonase

Pas problemeve me përkthyesit, Ali Ahmeti “detyrohet” të drejtohet në gjuhën maqedonaseАли Ахмети држи говор на македонски јазик

Posted by TV21 on Thursday, September 13, 2018

поврзани објави

Последни објави