4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Шоканта исповед на Аца Лукас: Јас сум виновен што татко ми повеќе не е со нас!

Фолк пејачот Аца Лукас првпат проговори за деновите поминати во затвор. Тој беше приведен за време на акцијата „Сабја“ во 2003 година по убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

Пејачот беше обвинет за поседување на оружје без дозвола. Кога полицајците дошле да го приведат пиштолот го криел во чантата на сопругата. Тие три месеци вели дека му го промениле животот и дека секогаш ќе се среќава на првата средба со затворениците кои не можеле да поверуваат дека навистина е тој.

– Ме донесоа во затвор околу три-четири часот изутрина. Никој од затворениците не знаеше. Кога влегов во ќелијата прво барав каде има слободен кревет. Бев преморен и веднаш заспав. Кога се разбудив гледам четири глави гледаат во мене и се обидуваат да откријат дали сум сум јас – открива пејачот.

Тој вели дека нема да го заборави односот на стражарите кои многу го малтретирале.

– Поради мене еден ден сите не изнесоа надвор. Не наредија во ходник и не соблекоа до гола кожа. Почнав да урлам. Тогаш седум полицајци дојдоа до мене и ми се обратија “Што ќе правиме сега?“ Јас им одговорив “малку си горе малку си доле“ – откри Лукас.

Иако за некои излегувањето од затворот значи слобода, пејачот вели дека по излегувањето од затвор животот му се претворил во пекол.

-Се одреков од правото на жалба и отидов во Падинска скела. Таму бев како на бања, можев да излезам надвор и да тренирам. Кога излегов од затвор, бев бесен, лошо се чувстував и доживеав семејна трагедија, умре татко ми. Никогаш да не се повтори, рече Аца Лукас во емисијата.

Фолк пејачот Аца Лукас го загубил својот татко само еден месец откако излегол од затвор.

Болката не може да ја сокрие ниту по 14 години и тврди дека тогашната влада го умрела татко му.

„Јасно е дека еден месец по моето излегување од затвор татко ми почина. Беше болен, но најверојатно тоа немаше така да заврши доколку не се случеше она. Тоа беше заради тоа што не можеше да поднесе неговиот син да е во затвор. Беше убеден, дека ако сум во затвор јас сум крив. Не сфаќаше дека може да седиш во таква установа без причина“, изјавил Лукас.

поврзани објави

Последни објави