Пејачката Лепа Брена не крие дека е емотивна кога се разговара за нејзината снаа која наскоро ќе им го донесе нивното прво внуче во домот.
На прашањето кој се променил повеќе Александра или Филип откако двајцата дознаа дека ќе станат родители, пејачката вели дека Филип од секогаш бил поразумен.
-Филип од секогаш бил озбилно момче, кое веќе има и сериозен број на години, вели Брена. Таа додава дека нејзиниот сопруг Боба прв дознал за среќната вест, па ни соопшти на сите, па сите и плачевме.
-Еве јас кога зборувам за ова ми доаѓаат солзи на очите и ми иде да заплачам. Тоа се неконтролирани емоции, јас не знам како ќе го дочекам март да се породи Александра, истакна Брена.