Познатата водителка на квизот “Се или нешто“, Лила Стојановска веќе неколку сезони од петни жили се труди да го одржи вниманието на публиката. Иако квизот не и нуди некои големи можности за тоа, таа успева да ги натера натпреварувачите да зборуваат дури и кога треба со клешти да им ги вади зборовите од уста.
Но, истовремено таа постојано се труди да биде во тренд и секогаш во топ форма постира свои фотографии на социјалните мрежи. И додека вниманието на публиката го привлекува дури и со шеги на сметка на својот приватен живот, на социјалните мрежи неодамна објави фотографии во прегратка со непознато и затскриено мускулесто момче.
Најново што објави оваа градска фаца се фотографии како пробува бурми. Дали тоа Лила повторно ќе се мажи, иако дури и на реклама вели дека веќе и е доста од такви глупости, останува да слушнеме и да видиме. Или и ова е само за да го задржи вниманието на јавноста?
Ете, што ти е јавна професија, сакала – не сакала постојано мора да бидеш во центарот на вниманието, па и кога ги нема навистина мораш сам да ги измислуваш. Но, никогаш не се знае, љубовта прави чуда, па можеби бурмите и не се само финта на Лила.
Извор: Пулс 24