3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев: Нашата Македонија е северниот дел, нели секогаш учевме дека има Егејска и Пиринска?

Премиерот Зоран Заев на денешниот марш за европска Македонија повтори дека со Договорот Грција го признава македонскиот јазик и идентитет.

-На името ќе ја додадеме придавката северна, што е факт. Нашата Македонија е северниот, горниот дел од историската Македонија. Па нели отсекогаш учевме дека има Егејска и Пиринска Македонија? Сега ли треба да тргнеме да го освојуваме Солун со пушка во 21 век?

Грција го призна македонскиот јазик и нашиот македонски идентитет. Со овој Договор, уште повеќе до зајакнавме и зацврстивме нашиот идентитет. Овој Договор е најдобриот на свет, никој во светот не можеше да добие подобар договор, рече Заев.

Тој на денешниот Марш за европска Македонија порача дека иднината на нашите деца зависи од нашата одлука која ќе ја донесеме на референдумот.

-Е ова е нашата земја македонска, е ова е европска Македонија. Ви благодарам што дојдовте заради пораката: сакаме иднина, сакаме европска Македонија.

Сите ја чувствуваме одговорноста на нашата генерација, од нас зависи иднината на нашите деца. Никој друг за нас не може да ја донесе ова одлука, но јас знам, нашиот народ во нашата заедничка Македонија е справен пред крупна одлука и знам дека ќе обезедиме иднина на нашите деца. И на осми семптември 1991 не беше лесно, дали ќе не биде. Но, луѓето гласаа со разум и љубов и излегоа и донесоа одлука со која сите се гордееме.

Гласаа за независна Република Македонија. Јас бев 17 години и слушав како имаше озарени лица и среќа, затоа што сме донеле исправна одлука. И денеска носиме крупни одлуки, и сме исправени сите заедно да ја зграпчиме оваа уникатна шанса. Сите генерации од почекотот на независноста зборуваат за европската иднина.

ТОа се нашите стратешки цели ЕУ и НАТО, зад кои стоиме сите граѓани, од сите партии и националности, рече Заев.

поврзани објави

Последни објави