Околу приватниот живот на познатиот пејач Дино Мерлин малку се знае, Па така ретко кој знае дека е во брак со сопругата Лејла и има две деца, синот Хамзи и ќерката Наида.
Неговите деца никогаш не се експонирале во јавноста, а Дино секогаш се трудел својот приватен живот да го чува далеку од очите на јавноста.
Неговиот син има 26 години и нема намера да се занимава со музика, а во Турција и Берлин студирал менаџмент и политички науки. Сепак девојките мора да се разочараат бидејќи ова младо момче веќе седум години е во брак со својата избраничка.