6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски му вети на Заев: Дојди на ТВ-дуел, ќе ти кажам што мислам за референдумот!

И така силно грчевито се борат да не се збори за договорот и затоа избега од дебата, човекот кој се колнеше и бараше дебати. Па сакал да му кажам што мислам за апстиненција?

Прифати Зоран Заев дебата јас и ти без медиумската машинерија и скапо платените советници, јас и ти очи во очи на било која телевизија, ти ветувам на таа дебата на крај веднаш ќе ти кажам што мислам, за апстиненцијата, но претходно ќе треба и да одговориш за наведнатата кичма, за губењето на идентитетот, за одземеното достоинство на народот, за наместените тендери, за криминалот кој го правиш на дневно ниво и зошто нема никаква санкција за тоа.

-Нема вечно обвинителството да биде немо на криминалот а судовите да работат под притисок. Ќе дојде ден ќе се постави прашањето за одговорност и за тоа како среде центар на град сам си кажува дека поттикнува поткуп и врши притисок на фирми само за да луѓето излезат да гласаат на референдумот.

Истото тоа го прави со години наназад, дали тоа биле парламентарни или локални избори. Па нели тоа е еден нечесен однос и потценување на својот народ, ова ли се тие европски вредности Заев со кои ти ја полнеа устата на полупразните плоштади ширум Македонија, му порача Мицкоски од Штип на Зоран Заев.

За среќа, историјата е наука и не подлежи на слободните интерпретации и медиумски спинови на Заев, па сигурно во иднина ќе се врати да не истражува и нас и нив, и нашите и нивните зборови и дела и ќе ги гледа фактите. Еден ден сите ние ќе бидеме нечија историја, на нашите деца и внуци, и се што сакаме е таа историја да биде заснована на македонската вистина, да ја пишуваме на македонски, да ја изучуваме на македонски… Ве прашувам: Многу ли е тоа? Неразумно ли е тоа?

Токму од овие причини, нашиот став за Референдумот ги збунува. Слободата не им е близок концепт, порала претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Штип

–Викаат дека немало план Б. Ќе кажам нешто за планот А кој е поважен од планот Б. Планот А, прв и најважен е овие луѓе кои ја водат нашата држава да си заминат од власта која ја имаат заграбено, зошто само така на Македонија ќе и тргне и само така Македонија ќе зачекори вистински кон Европа.

Пред нас е период во кој можеме да покажеме дека сме едно, дека не води една мисла, дека имаме еден пат и дека немаме друга алтернатива, за да им ја предадеме нашата роднина на идните генерации единствена и достоинствена, а не омаловажена и понижена.

„Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни една од друга потуѓи…”, го цитираше Мицкоски Гоце Дечев и им се обрати на членовите на СДСМ.

Точно е дека се разликуваме во нашите светогледи, имаме различи политички погледи, но заедничка ни е Македонија и поважна од било која партија. И знам дека ова денес не е СДСМ, ова што и се случува на Македонија е само Зоран Заев и таа тесна клика околу него која се бори за своите лични кариери. Не ги слушајте и одлучете по сопствено убедување и придружете ни се, сочувајте го достоинството. Не е ова прашање за тоа кој ќе биде на пратеничките листи, или директор или функционер, тука се работи за нашата земја Македонија која што ве школувала, одгледала, ви дала можност да напредувате и да создадете семејства.

Придружете ни се отворени ви се вратите, оставете го Зоран Заев и кликата околу него. Ова се историски времиња, и само оние кои не сакаат да разберат што сакам да кажам се прават дека ВМРО не ги оправдува очекувањата. И го напаѓаат, заборавајќи дека државата има еден проблем тоа е Заев. Ве повикувам да останете принципиелни, чесни и искрени само така никој ништо не ни може, никој ништо не ни смее. Нема сила која нешто може да ви направи, бидете достоинствени и горди.
Мицкоски на крајот им се обрати и на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ве повикувам да бидете горди и бескомпромисни во чувањето на нашата Слобода! Зашто ние не сме ниту неконструктивен елемент, Ние не сме ниту пазарџии како Заев, Ниту пак се занимаваме со лаги и манипулации.

поврзани објави

Последни објави