4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Познат бизнисмен од Канада донираше 100.000 долари за бојкот на референдумот

Македонците од Канада даруваа над 145 илјади канадски долари за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември.

Во организацијата на овој значаен настан учествуваа: Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со Седиште во Канада и македонското патриотско здружение од Канада Андон Лазов Јанев Ќосето.

Најголемиот македонски дарител од Канада е познатиот бизнисмен Крсте Ивановски кој заедно со неговото семејство донирале 100.000 долари за кампањата за бојкот на референдумот во Македонија.

-Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш.Тоа е почеток на крајот на македонската држава и нација. Кој му дава право на некој да одлучи да ја смени целата македонска вековна историја, кој му дава право да го избрише еден од нјстарите народи во светот, замислете ќе биде избришан за да бидат задоволени интересите на државите кои што сакаат тотално поништување на Македонија и Македонскиот народ – истакнал Ивановски, пренесе Нова македонија.

поврзани објави

Последни објави