7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ: Курир да ја повлече лажната вест за претседателот Заев, во спротивно тужба

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија излезе со соопштение поради синоќешната вест која што ја објави порталот „Курир“, дека претседателот на партијата, Зоран Заев, бил на гости кај специјалната јавна обвинителка, Ленче Ристовска и побараа истата да биде повлечена во спротивно против порталот ќе биде покрената тужба.

„Медиумите на Никола Груевски со ништо не можат да го покријат неговиот неуспех да формира Влада и неговиот огромен страв од определбата на граѓаните за промени и правда во Македонија.

Измислица на Курир е дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, бил наводно на гости кај обвинителката Ленче Ристовска.

Бараме од Курир веднаш да ја повлече лажната вест и да се извини, а тоа да го направат и другите медиуми што ја пренесоа лажната вест, во спротивно ќе поднесеме тужби за клевета.

Претседателот на СДСМ, Заев, како и секој друг граѓанин на Македонија има право на движење, а целосна лага е дека бил на адреса или во населба каде живее обвинителката Ристовска, како што се тврди во лажната вест на Курир“, стои во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави