Јове Стојановски од Бутел три дена копал во својот двор за да спаси маче кое паднало во септичка јама.
Откако го слишнал беспомошното маче Јове почнал да копа и да го крши бетонот. Претходно,Стојановски се јавил во пожарна, каде му рекле дека имаат многу работа и не можат да дојдат за да го спасуваат мачето.
Првиот ден успеал да ископа доволно за да му стави храна, вториот ден успеал и вода да му симне и третиот ден конечно мисијата успешно ја завршил мачето било спасено.
Мачето си доби име Сречко и е згрижено во нивниот дом.
Херој на неделата ми е зетко Jove Stojanovski кој 3 дена копаше дупка за да спаси мало маче кое паднало во јама! 22…
Posted by Bona Paunovska Tasevski on Sunday, September 16, 2018