-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Големиот хит на Дино Мерлин зад себе крие трогателна приказна за која ретко се знае

Зад познатиот хит на Дино Мерлин кој сите го знаеме “Кад си рекла да ме волиш”, се крие вистинска и трогателна приказна за која ретко кој знае. Пејачот ја напишал во најтешките моменти додека бил одделен од сопругата Амела.

Дино потекнува од сиромашно семејство, а како тинејџер се заљубил во богатата девојка Амела. Тој учел занает, а таа учела гимназија. Нејзините родители сакале таа да се забавува со момче од иста класа. Така, двајцата се гледале скришно и биле одвоени иако се сакале од 15 години.

Тогаш Дино сосема разочаран ја напишал песната која допре до сечие срце и стана хит.

„Се боревме, се криевме, но никој не можеше да не раздели. По пет години тајно се венчавме. Бешетоа романтична свадба иако својата сопруга буквално ја киднапирав. Само нашиот кум и нејзината сестра стоеја до нас. Постојано гледав кон вратата да видам некој да не ни ја расипе среќата. Потоа отидовме на брачно патување во Дубровник, а потоа се вративме кај мајка ми. Не чекаше голема одговорност“, вели Дино.

Тој ја напишал песната во тешките љубовни мигови со Амела.

поврзани објави

Последни објави