Јахмир Валас, тинејџер од Њу Џерси, кој е роден без раце, е феномен и мотиватор на голем број луѓе ширум светот, кои се соочуваат со слични проблеми како него. Имено, тој од мала возраст изразил желба да научи да свири труба, а тоа денес го прави феноменално, со помош на прстите од неговите нозе.
„Мојата постара сестра честопати свиреше пијано, па одлучив дека и јас сакам да научам да свирам на некој инструмент”, изјави малиот Валас.
Наставничката по музичко на Валас, Desiree Kratzer, соработуваше со локалната музичка продавница со цел да креираат труба која ќе може да ја употребува малиот Валас бидејќи нема раце, па така тој ќе ги користи своите ножни прсти.
Кога Валас проба да свири на инструментот за прв пат во Септември, кажа дека се функционира одлично според него.
„Почувствував возбуда” – изјави 10-годишниот Јахмир. „Си реков, о па ова е удобно и можеби ова е правиот инструмент за мене!”
Напорната работа на Јахмир се исплатеше и кулминираше во настап на училишниот годишен зимски концерт, кадешто Јахмир настапи со останатите дечиња од 5то одделение.
„Секој кој сака да научи да свири инструмент мора да проба, никогаш не знаеш можеби талентот се крие токму во тебе!”, препорачува Валас.