-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Голема тaга во домот на Карлеуша – пејачката во солзи

Тага во семејството на Јелена Карлеуша, почина нејзиниот свекор, таткото на фудбалерот Душко Тошиќ.

Српскиот репрезентативец Душко Тошиќ, сопруг на познатата пејачка Јелена Карлеуша пораснал во селото Орловат, во куќа полна љубов и со многу минимални финансиски средства за живот. Родителите на Душко биле многу сиромашни па неговиот татко Милорад поради немаштија морал да го испрати во Дом за незгрижени деца, каде што се школувал, а воедно и тренирал спорт, а од тоа денес заработува милиони.

-Мојот Душко неколку години се школуваше во интернат и играше фудбал, таму имаше редовни оброци, а тоа е многу важно за дете во развој. Сега е многу успешен и ние сме многу горди на него. Го исполни својот сон. Живее во голем град. Јас и мојата сопруга сме стари, живееме овде затоа што ни е убаво. Природата е околу нас, свеж и чист воздух. Ништо не ни фали, би сакале да ни трчаат внуките низ дворот. Незнаете вие колку убаво овде си играат Ника и Атина“, раскажува Милорад таткото на Душко, а пренесува српски Курир.

“Душко навистина имаше многу тешко детство. Неговите родители беа многу сиромашни, но се чесни и добри луѓе. Бидејќи сакаше да игра фудбал, татко му после основното училиште го однесе во Зрењанин и го даде во дом за да се школува и да игра фудбал. Кога и да дојдеше дома на родителите им ги бакнуваше рацете затоа што му ја исполниле желбата и го пратиле во интернат“, раскажал сосед кој инсистирал да остане анонимен.

Тој раскажал исто така дека Тошиќ знаел да избега од дома и по цели ноќи да гледа фудбал кај соседите, затоа што дома немаа телевизор.

И од домот за ученици во средно училиште “Ангелина Којиќ Гина“ потврдиле за српски Курир дека сопругот на ЈК еден период од своето детство го минал таму.

Свет.рс пишува дека таткото на Душко починал по кратко и тешко боледување.

Ќе биде погребан утре.

поврзани објави

Последни објави