Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денес беше на терен во скопски Чаир каде оствари средба во граѓаните.
Мисајловски истакна дека со граѓаните разговарале за актуелни политички теми и она што навистина го засегаат народот.
-Се разбира главна тема во Република Македонија е референдумот и оној штетен договор што оваа влада го потпиша, што ќе има рефлексија врз целиот народ. Наша обврска е да го прашаме народот што мисли, да го кажеме нашиот став, а тоа е дека секој граѓанин треба сам да си се произнесе за ова прашање. Мора да ги прикажеме сите овие штетни детали што ги има во договорот, а ќе имаат секако рефлексија врз иднината на Република Македонија. Но најважно е да ги слушнеме одговорите од власта, да видиме кои се тие амандмани што ќе ги предложат за менување во Уставот и што ќе се менува во Уставот. А исто така треба да се добие и одговор, а тој одговор треба да биде брз, бидејќи кампањата тече, а одговор треба да добиеме, што за нив се подразбира дека е успешен референдум, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека треба одговор да дадат кон граѓаните кои се тие амандмани што ги спремаат, што ќе биде сменето во Уставот и секако што за нив претставува успешен референдум?
-За жал оваа власт со секојдневни скандали, со секојдневни злодела го допре дното во Република Македонија. Никогаш не било во историјата на Република Македонија на економски план, на здравствен план и во сите ресори на олку ниско ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со граѓаните, ќе го слуша народот и таа навигација ќе му биде патот во иднината, посочи Мисајловски по средбата со граѓаните во Чаир.