Специјалните единици на АРМ, откриваат дека причинители за тешкиот и остар мирис кои се ширел во зградата во скопската населба Аеродром, биле купишта пелени со измет и урина во одводната канализација.
Откако проблемот беше утврден, жителите во овој станбен комплекс потврдија дека години наназад имаат проблеми со сопственици на стан во кој живеат 90 годишна мајка и 60 годишна ќерка.
Синоќа до надлежните органи беше пријавено дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите.
За поголема сигурност и безбедност, за време на евакуирањето на зградата, на место на настанот беше присутна и екипа на брзата помош.