-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Годините се само бројка: Има 71 година, а изгледа како 40 – Која е тајната за нејзиниот изглед? (ФОТО)

Норма Камали е американска модна дизајнерка, но во светски рамки стана позната по нејзините тајни за одржување на младешкиот изглед.

Камали е во осмата декада од животот, а има лице и тело како на 40 годишна жена. Норма смета дека тајната за ваквиот изглед е редовното пиење на зелен чај, како и маслиновото масло. Тоа што дополнително придонело нејзината кожа да изгледа стегната и мека е тоа што не користела премногу шминка. Единствено што на неа не е природно се карминот, римелот и црниот молив, со кој ги истакнува очите.

Покрај тоа што води сметка за изгледот, Норма редовно вежба и здраво се храни и токму затоа е инспирација на илјадници жени ширум светот, кои не сакаат со пластична хирургија да ги постигнат саканите резултати, туку тоа да биде сведено на природен начин.

SONY DSC

Ова се дел од нејзините совети:

Користете лимон, куркума, зелен чај и маслиново масло во исхраната и негата на кожата

Вежбајте редовно

Избегнувајте користење апчиња

За дома купувајте само здрава храна

Чешлајте ја косата со дрвен чешел

Пијте сок од свежи краставици

Користете D3 витамин

На лицето и очите ставајте облоги од зелен чај

Доколку можете одете на акупунктура или тајландска масажа

Квалитетен сон

Не конзумирајте шеќер и брза храна која го забрзува процесот на стареење

Јадете авокадо, мед и ореви

Пијте редовно вода која ќе биде на собна температура

Доколку се чувствувате среќно и исполнето, ќе изгледате фантастично во секоја доба од животот.

поврзани објави

Последни објави