6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Одбивам да се согласам да бидеме држава која го сменила името

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи пишува дека во предвечерието на христијанскиот празник Мала Богородица бил во посета на преубавиот манастир Света Богородица во Ѓуриште, светиноколско каде масовно се чествува овој празник.

-Македонија е преубава, со целата своја историја, традиција, култура.

Таму ја сретнав Петра, средовечна жена со бистра мисла и остар поглед. Вика сега власта не убедува да подголтнеме “кнедла” со договорот за името, да сме добиеле некаква подобра иднина, но да ти кажам синко овие над дваесетина години само кнедли голтнуваме, но иднина нема.

А овој пат е во прашање мојата, нашата Македонија, оваа кнедла не е за голтање туку за отфрлање. И навистина е така, со овие луѓе на власт европската иднина е само убава приказна, но без можност за реализација, затоа што имаме корумпирани луѓе на власт, од друга страна тие сакаат да го промениме името, идентитетот.

Одбивам да се согласам со тоа да бидеме држава која го сменила името, за нешто што никогаш нема да дојде, затоа треба да ги промениме луѓето кои ја водат власта, кои силно не влечат надоле и ни велат изборот бил еден и само така Македонија ќе победи, и само така европската иднина ќе стане реалност, пишува Мицкоски на Фејсбук.

поврзани објави

Последни објави