6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Познатата фолк-пејачка со потресна исповест: „Маж ми ме тепаше! Ме тепаше од преголема љубов!“

Познатата фолк- пејачка Гоца Божиновска откри дека била жртва на семејно насилство. На прашање на новинарите, дали некогаш доживеала насилство во партнерските односи, одговорила потврдно.

„Mе тепаше од љубов. Не дозволував мојата мајка да ме примети, но кога тоа би се случило на моите ќерки јас би го убила“ рекла Гоца. Таа изјави дека никогаш не го пријавила партнерот за семејно насилство.

Таа не прецизираше кој од нејзините двајца претходни мажи бил насилникот. Пејачката прво беше во брак со Раде Вучковиќ, а по разводот со него, таа се омажи за Зоран Шијан.

Инаку, Гоца неодамна се најде во центарот на вниманието и кога нејзиниот 23 годишен син кој го има од сега покојниот Зоран Шијан беше приведен во полиција поради кокаин.

Полицијата го запрел автомобилот во кој бил и синот на Гоца, а кога ги замолиле да излезат во внатрешноста на возилото пронашле паковање влажни марамици во кои имало две кесички кокаин.

Тие беа приведени во полицијата, а случајот заврши во обвинителството.

Гоца Божиновска и извесна Горана биле првите сосетки и другарки се’ до 1996 година, кога нејзиниот сопруг Зоран Шијан ја напушти пејачката заради неа. Гоца потоа се преселила со двете деца, Мирко и Зоран, во Нови Београд, а три години подоцна, Горана на Зоран му го родила синот Вукашин.

„Таа жена го уништи моето семејство, целиот мој живот. Беше тешко, но јас не се враќам на старото. Решив дека повеќе не трошам време и нерви на непотребни работи. Изгубив толку многу драги и сакани луѓе што ми недостигаат така што некои работи не се толку болни колку што изгледаат. Можам само да кажам дека таа и јас не сме во кавга и дека сè е во ред со нас. Што се случило – се случило. И простив, но не заборавив“, вели Божиновска, за српски „Телеграф“.

Пејачката никогаш не им бранела на нејзините деца Мирко и Зорана да контактираат со вонбрачниот син на нивниот татко, Вукашин.

„Никогаш не им кажав на Зорана и Мирослав дека не треба да го видат, никогаш не реков ништо грдо против тоа дете. Дури и јас бев она кој им велеше дека треба да бидат со него во добри односи. Мирко е најмногу во контакт со него“ – објаснува Гоца.

поврзани објави

Последни објави