6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ванковска: Мој респект за Димче (Апасиев) – синоќа Цаца се закопа во своето незнаење

Се огласи и Ванковска за дебатата помеѓу Апасиев и Цаца Николовска:

Никогаш не сум верувала во лидерски принцип и харизматска власт. Моќта треба да извира одоздола, таа е кај народот. Но, ако во ваков миг има луѓе, божем патриоти, кои не ја почитуваат храброста и доблеста на поединци како Димитар Апасиев, тогаш искрено не сакам да имам ништо заедничко со нив.

Ќе ги сметам за дезертери, за тројански коњи, а не за соборци! Нашите политички/идеолошки разлики треба да останат поради демократијата која ја посакуваме, но ова е време кога треба да се изрази респект за секој што во име на поголема кауза се ставил себе на фронталната линија и трпи удари и од лево и од десно.

Мојот респект за Димче нема никаква врска со синоќешниот дуел (Цаца сама себе се “закопа” во незнаење и политичка коректност). Но, има многу со сето она што ПРАКТИЧНО го прави за многу категории луѓе: сиромашните, стечајците, работниците, студентите – и Македонија! Ако тоа не сте го виделе и признале (додека мрчите на ФБ), тогаш сметајте се за Самоилови војници, но не и мои соборци!

БОЈКОТИРАМ и му благодарам на Димче и сите како него што не се штедат себе си за она што сите не’ обединува – љубовта за Македонија!

поврзани објави

Последни објави